Активен пожар во близина на село Блаце
Гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен, информираат од Центарот за управување со кризи...

Во скопскиот регион сè уште има еден активен пожар, кај село Блаце, општина Чучер Сандево. Гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен, информираат од Центарот за управување со кризи. Вчера на отворено имало седум пожари. Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со полни раце работа на повеќе страни од скопско, особено во доцните попладневни и вечерни часови.
Со поддршка од воздух од трите „Ер трактор“ авиони на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР беа изгаснати тие што претставуваа опасност за населбите околу градот.
