Тајландската армија објави државен удар

22.05.2014 14:29

Војската ги блокираше влезовите во Бангкок, каде што втор ден преговараат политичките фракции...

Генералот на тајландската армија, Прајут Чан-Оча објави државен удар, откако војската ја презеде контролата врз Владата.

Тој во телевизиско обраќање рече дека целта е да го врати редот и да ги спроведе политичките реформи.

Војската ги блокираше влезовите во Бангкок, каде што втор ден преговараат политичките фракции.

Државниот удар се случи по повеќемесечни нереди против премиерката Шинаватра, која го распушти долниот дом на парламентот.