МТСП
Понеделник, Успение на Пресвета Богородица е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
24.08.2023 10:22
Празникот Голема Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр. 21/98 и 18/07), 28 август 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
