Македонија

МВР: Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

24.08.2023 11:55

Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел електричен тротинет, сопственост на 27-годишниот Џ.А., исто така, од Гостивар. Тротинетот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ј.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

Вчера околу 20.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И.

Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел електричен тротинет, сопственост на 27-годишниот Џ.А., исто така, од Гостивар. Тротинетот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ј.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.