Стриниќ без Мундијал!
Селекторот Нико Коваќ е лут затоа што украинската екипа го форсираше Стриниќ и не му дозволи да паузира во финишот на сезоната...

Како левата дефанзивна позиција и досега да беше најдефицитарна во репрезентацијата на Хрватска, па дополнителни проблеми донесе повредата на првиот избар Иван Стриниќ. Бекот на Дњипроптеровск нема да игра на Светското првенство затоа што ќе наме доволно време да заздрави по повредата на мускулот на ногата.
Селекторот Нико Коваќ е лут затоа што украинската екипа го форсираше Стриниќ и не му дозволи да паузира во финишот на сезоната, но не е и загрижен. Според Ковач и Даниел Прањиќ и ако е потребно и Ведран Чорлука можат да одговорат на задачите на таа позиција.
Мал хендикеп за предводникот на Хрватска единствено може да биде тоа што алтернатива ќе мора да бара меѓу 30-те пријавени фудбалери на поширокиот список.
Хравтска го отвора Мундијалот со домаќинот Бразил на 12 јуни во Сао Паоло во рамките на Групата А во којшто се уште и Мексико и Камерун.
