Свет

Пронајдено телото на Пригожин, објавија руските медиуми

24.08.2023 12:02

Неговото тело е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.

Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото тело е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.

Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци.

Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда.

Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена.