Одбележан Денот на независноста на Украина
32-годишнината од независноста на Украина одбележана и во Скопје. Со марш низ центарот на главниот град, Украинци, Македонци и дипломати дадоа поддршка за незавиноста на Украина. Украинската амбасадорка Дир се заблагодари за поддршката на Македонија од првиот ден на војната со Русија...

Со симболичен марш со украинското знаме од споменикот на Тарас Шевченко во „Жена-парк“ низ центарот на Скопје, Украинци, Македонци и дипломати ја прославија 32-годишнината од независноста на Украина. Речиси две години е во војна со Русија.
Украинската амбасадорка Дир посочи дека Македонија од првиот ден на руската инвазија дава целосна поддршка на борбата на украинскиот народ за слобода.
Од Здружението на украинците „Лесја Украинка“ ја поздравија постојаната македонска поддршка и привремениот престој на украинските бегалци во земјава.
Улицата „Никола Кљусев“ во центарот на Скопје е преименувана во „Алеја на Украина“ во знак на пријателство меѓу двете држави. На алејата е одбележан денот на независноста со изложбата „Децата на војната“-цртежи на најмладата украинска генерација.
Ирина Гелевска
