Украина
Зеленски го пофали својот народ за борбата за слобода на Денот на независноста
24.08.2023 12:15
На фронтот битките не запираат. Од украинското разузнавање велат дека во вчерашните напади уништени се два руски бомбардери...

Украинскиот претседател Зеленски го пофали својот народ за борбата за слобода на Денот на независноста на земјата во време на руска инвазија.
На фронтот битките не запираат. Од украинското разузнавање велат дека во вчерашните напади уништени се два руски бомбардери.
Пратениците на Долниот дом на украинскиот парламент вчера усвоија резолуција, со која се исклучуваат какви било територијални отстапки за ставање крај на конфликтот во Украина.
