БРИКС
БРИКС од 1-ви јануари 2024 година ќе има шест нови членки
24.08.2023 13:12
Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС, меѓу нив Иран и Саудиска Арабија, објави јужноафриканскиот претседател Рамафоса на самитот во Јоханесбург...

Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС, меѓу нив Иран и Саудиска Арабија, објави јужноафриканскиот претседател Рамафоса на самитот во Јоханесбург.
Членки на БРИКС од 2024 година треба да станат и Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија. БРИКС во моментов се состои од пет економии во развој, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, кои постигнаа договор за проширување на блокот на самитот оваа недела.
