Занаетчиство- можност за бизнис и зачувување на традицијата
Занаетчиската комора на Скопје денеска традиционално ги почна „Деновите на занаетчиството“...

Со мерките за самовработување, заживува занаетчиството. Филигранството, резбата, сликањето на стакло се интересни за бизнис. Ако сериозно се пристапи, има простор за заработка, велат новите занаетчии.
Занаетчиската комора на Скопје денеска традиционално ги почна „Деновите на занаетчиството“ на кои ќе се обиде да ги доближи занаетите до младите луѓе и да ја поттикне свеста за занаетите како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.
На тезгите изложени пред просториите на Занаетчиската комора Скопје посетителите ќе имаат можност во следните три дена да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети.
