фудбал

Новиот клуб на Меси, Интер Мајами успеа да се пласира во уште едно финале од УС Опен купот

24.08.2023 13:42

Меси со две асистенции му помогна на Интер Мајами да избори пенали, а погоди и во при изведувањето пенали кое Интер го доби со 5-4...

Фудбалерите на Интер Мајами по подобро изведување пенали го елиминираа својот ривал од Синсинати. Меси со две асистенции му помогна на Интер Мајами да избори пенали, а погоди и во при изведувањето пенали кое Интер го доби со 5-4.

За трофејот на УС Опен, Интер Мајами ќе ги одмери силите со Хјустон Дајнамо. Меси одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Интер Мајами, откако беше еден од најзаслужните за триумфот на овој тим во пресметката со Синсинати во изведувањето на пенали.