Армија

Нови 120 подофицери и 150 професионални војници положија заклетва

24.08.2023 13:52

Обучени по НАТО стандардите, нови 150 професионални војници и 120 подофицери стапија во редовите на Армијата. Свечената заклетва ја дадоа во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“. Министерката Петровска кажа дека се вложуваат значителни средства за опремување на Армијата…

Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ заклетва положија новите 150 професионални војници и 120 нови подофицери, кои од денес станаа дел од големото семејство на Армијата. Ова е за прв пат на двојна церемонија, заедничка заклетва да даде овој професионален кадар на армијата. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска кажа дека Македонија ги следи НАТО стандардите.

Изминатите месеци тие се школуваа, образуваа според стандардите на НАТО. Обуката се изведе во Командата за обука и доктрина во Велес. Беа прогласени и најдобрите тројца подофицери кои добија признанија, а за најдобар беше прогласен водникот Димче Вакадински.

Петар Печков