БРИКС

Путин се обрати на БРИКС

24.08.2023 13:54

Рускиот претседател Путин за време на обраќањето на самитот ги нарече западните нации модерни колонизатори кои прават се за да го зачуваат стариот униполарен свет...

Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС. Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија ќе се приклучат на БРИКС од 2024 година. Рускиот претседател Путин за време на обраќањето на самитот ги нарече западните нации модерни колонизатори кои прават се за да го зачуваат стариот униполарен свет.

„Земјите од таканаречената златна милијарда прават се за да го зачуваат стариот униполарен свет. Тоа им одговара, им користи, за правила кои никој не ги видел. Во суштина, тоа е исто како Колонијализмот во нов пакет, што патем не изгледа толку добро, а модерните колонизатори, под превезот на добри слогани за демократија и човекови права, бараат да ги решат своите проблеми на сметка на другите, продолжувајќи бесрамно да ги трошат ресурсите од земјите во развој“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.