Потпишан меморандум за соработка меѓу „Јустинијан Први“ и „Федерико Втори“ во Неапол

22.05.2014 15:16

Претседателот Ѓорге Иванов, кој ја предводи државната и црковна делегација во Рим, денеска одржа предавање на престижниот Универзитет Федерико Втори во Неапол, светски високо образовна институција.

Претседателот Ѓорге Иванов, кој ја предводи државната и црковна делегација во Рим, денеска одржа предавање на престижниот Универзитет Федерико Втори во Неапол, светски високо образовна институција.

„Се потпиша и меморандум за соработка и интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје и Универзитетот Федерико Втори од Неапол при што и претседателот Иванов имаше свое предавање од областа на правото“, рече министерот за образование Спиро Ристовски кој е дел од македонската делегација во Рим.

Пред 45 години, овде беше отворен и првиот Лекторат по македонски јазик.