Продолжува битката со огнената стихија во Грција
Натчовечки напори во битката со огнената стихија во Грција. Утринава е евакуирана населба во Атика. Пламените јазици стигнаа до куќите...

Натчовечки напори во битката со огнената стихија во Грција. Утринава е евакуирана населба во Атика.
Пламените јазици стигнаа до куќите. Во големите пожари што веќе неколку дена беснеат во Александрополис повреден е еден македонски државјанин, возач на камион, чија приколка се запалила додека минувал низ подрачје зафатено со пламените јазици. Се здобил со изгореници, кои биле третирани во локалната болница.
Тројца наши државјани кои се наоѓале во два камиона навреме биле евакуирани и се на пат кон земјава, информираат од МНР.
Пожарите сè уште беснеат и во другите региони на Грција. На противпожарните екипи им ја отежнува работата ветерот и високата температура. Досега изгореа 400 илјади хектари.
