Прва републиканска дебата на кандидатите за претседател без присуство на Трамп
Републиканските кандидати за претседател разменија остри напади на првата дебата во отсуство на фаворитот за номинација на партијата во 2024 година, Доналд Трамп. Поранешниот претседател избра да го прескокне соочувањето во Милвоки, а наместо тоа сними интервју кое се емитуваше непосредно пред почетокот на дебатата. Американските власти очекуваат Трамп да се предаде во Џорџија по обвинението дека се обидел да влијае на изборниот резултат во 2020 година...

Во очекување на предавањето на Трамп на судските власти на Џорџија, кандидатите на републиканците, на првата дебата во Ајова, си разменија високи тонови на осуда. Поддршката на САД за Украина, правата за абортус и иднината на републиканците доминираа на соочувањето. Во исто време, шест од осумте номинирани изјавија дека ќе го поддржат поранешниот претседател Трамп како републикански кандидат за Белата куќа во 2024 година, дури и да биде осуден за кривичното дело измама на избори.
„Мислам, погледнете, Џо Бајден ја ослабе оваа земја дома и во странство. Сега не е време за обука на работното место. Не треба да донесеме дебитант. Не треба да носиме луѓе без искуство“, изјави Мајк Пенс, поранешен потпретседател на САД.
Поранешните гувернери на Њу Џерси и на Арканзас го критикуваа Трамп за обидот да ги поништи изборните резултати во 2020-та година.
„Некој мора да престане да го нормализира ова однесување, во ред? Без разлика дали или не верувате дека кривичните пријави се правилни или погрешни, однесувањето е во канцеларијата на претседателот на Соединетите Држави“, изјави Крис Кристи, републикански кандидат за претседател.
„Мораме да го разгледаме фактот дека три четвртини од Американците не сакаат реванш меѓу Трамп и Бајден. И мораме да се соочиме со фактот дека Трамп е најнесаканиот политичар во Америка“, изјави Ники Хејли, републикански кандидат за претседател.
77-годишниот поранешен претседател ја прескокна дебатата во Милвоки и наместо тоа сними интервју кое се емитуваше во исто време на социјалната мрежа „Х“. Анкетите покажуваат дека повеќето републиканци веруваат дека обвинувањата против Трамп, се политички мотивирани.
Зоран Богатинов
