Акција за косење и чистење на урбаната заедница Кисела Вода

22.05.2014 15:19

​По успешното завршување на акцијата за косење и чистење на Трим-патеката во општина Кисела Вода, Секторот за урбани и месни заедници, при општината, во соработка со пунктот на ЈП “Паркови и зеленило”, во континуитет продолжува со акциите за косење на нараснатите тревни површини кои дојдоа како резултат на поројните дождови во изминатиот период.
 
Во тек е косење и чистење на Урбана Заедница Кисела Вода каде се ангажирани 30 сезонски работници од општината и 6 од пунктот-Кисела Вода на ЈП Паркови и зеленило. Во акцијата се вклучени тримери,тракторки-косалки и други машини за средување на нараснатите тревни површини. Во истата ќе бидат опфатени тревните површини околу ул.”Георги Димитров”, ул.”Христо Татарчев”, ул.”Димо Хаџи Димов”, како и централниот парк Македонија во урбаната заедница. Акцијата е предвидено да трае до 24.05.2014.
 
Слични акции во наредниот период ќе бидат спроведени во УЗ Пржино, УЗ Црниче, УЗ Бирарија, УЗ Цветан Димов и  УЗ 11 Октомври-згради.