Регион

Повреден македонски државјанин, возач на камион во пожарите во Грција

24.08.2023 14:55

Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Северна Македонија, информираат од МНР,

Повреден македонски државјанин, возач на камион чијашто приколка се запалила додека минувал низ подрачје зафатено со пожари кај Александропулис, Грција. Навреме реагирале тројца негови колеги кои со возилата ги избегнале пламените јазици.

Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Северна Македонија, информираат од МНР,

Според досегашните информации добиени од надлежните институции на Грција, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија.

Министерството, преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани.