МВР

Приведен криминалец баран со потерница

24.08.2023 16:18

Во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во соработка со СВР Тетово го лишиле од слобода С.З. од Данска

Денеска околу 14.50 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во соработка со СВР Тетово го лишиле од слобода С.З. од Данска.

Тој бил баран по меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.