МВР
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
24.08.2023 19:41
Денеска полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје...

Денеска полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Б.М. и М.М. во Скопје. При претресот пронајдени се околу еден килограм марихуана, прашкаста материја, две дигитални ваги и поголема сума на пари.
Лицата се лишени од слобода и против нив по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
