Изложба „Словенски ракописи од Македонија“ во Ватикан
Ќе бидат претставени 30-тина оригинални ракописи, што ги поседуваат неколку институции...

Со отворањето на изложбата „Словенски ракописи од Македонија, од тринаесетиот до деветнаесеттиот век“ почнува манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Ќе бидат претставени 30-тина оригинални ракописи, што ги поседуваат неколку институции.
„Со овие оригинални ракописи се потврдува илјадагодишната традиција на писмениот јазичен развој на Македонија. Се прикажува словенската писмена традиција, нејзината стандардизација од почетокот од страна на светите Кирил и Методиј во втората половина на 9-от век“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Изложбата ќе ја отворат претседателот Ѓорге Иванов и министерката за култура, Канческа Милевска.
Министерката за култура очекува изложбата со оригиналните ракописи да привлече огромно внимание и да има голема посетеност.
