Временска прогноза

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

25.08.2023 08:01

Попладне во јужните делови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи...

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во јужните делови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер а максималната температура ќе достигне до36 степени.