Земјоделскиот попис треба да се спроведе во март 2024 година
Се подготвува Закон за попис на земјоделството кој се планира да се спроведе од 1-ви до 31-ви март 2024 година. Со него ќе бидат опфатени семејните земјоделски стопанства, деловните субјекти, земјоделските задруги, установи или други правни лица. ќе се попишуваат и претприемачите регистрирани со дејност главно во областа на земјоделското или дејности поврзани со земјоделското производство …

Од 1-ви до 31-ви март 2024 година се планира да се изврши земјоделскиот попис.
Ќе се попишуваат семејните земјоделски стопанства, деловните субјекти, земјоделските задруги, установи или други правни лица, како и претприемачите кои се регистрирани со дејност главно во областа на земјоделството и деловните субјекти и другите правни лица, кои не се поврзани со овој вид на работење, а имаат организациски единици за производство на храна.
Нема да се попишуваат стопанства, што имаат само куќни градини кои немаат производство за пазар и стопанства, кои одгледуваат земјоделски производи само за сопствена потрошувачка.
Податоци кои ќе се прибираат се однесуваат на идентификација на стопанството, евиденцијата во Регистар за органското производство, работната сила, користено земјоделско земјиште, добиток, наводнување, механизација, опрема и преземени мерки за рурален развој.
Со глоба од 200 до 300 евра ќе се казни за физичко лице ако одбие да ги даде или ако даде неточни податоци. Податоците се прибираат по пат на интервју, а целата статистичка операција ќе чини 340 милиони денари.
Методија Трајков
