МЗШВ

Министерот Николовски во посета на винаријата Камник – успешен ИПАРД корисник

25.08.2023 08:22

Николовски ќе информира и за донесувањето на десетгодишната стратегија за развој на секторот винарство и лозарство...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе ја посети винаријата Камник, успешна ИПАРД приказна. Воедно министерот Николовски ќе информира и за донесувањето на десетгодишната стратегија за развој на секторот винарство и лозарство.

По завршувањето на посетата предвидена е изјава за медиумите, информираат од Министерството.