скопје

Ескобар на средби со Ковачевски и Мицкоски

25.08.2023 08:41

Евроинтеграциите во фокусот. Вашингтон очекува земјава да го продолжи патот кон членство во ЕУ...

Втор ден од посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар во земјава. Во Владата на состанок со премиерот Димитар Ковачевски. Ќе се сретне и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Евроинтеграциите во фокусот. Вашингтон очекува земјава да го продолжи патот кон членство во ЕУ.

Вчера во вила Водно се одржа средбата меѓу македонскиот претседател Стево Пендаровски и специјалниот американски пратеник за западен Балкан, Габриел Ескобар. Потврдена е американската поддршка на македонските евроинтеграции. Заменик – помошникот на државниот секретар очекува дека Македонија ќе ги преземе потребните чекори за полноправно членство во Европската унија.