АМСМ

На „Табановце“ за влез и за излез од државата се чека околу 40 минути

25.08.2023 08:41

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Околу 40 минути се чека утрово за влез и за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.