Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Слоганот на власта дека тие се Европа е навреда за Европа

25.08.2023 08:57

Нагласуваат дека ниту граѓаните ќе им поверуваат, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го убедат да гласа уставни измени под диктат.

Власта на СДС и ДУИ почнува кампања дека тие биле Европа. Ај што е плагијат од Грузија, па уште и ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Оваа власт нема апсолутно ништо со европските вредност, а претенциозно велат дека тие биле Европа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Европа не избираат јавен обвинител од семејниот фотоалбум на партијата на власт. Во Европа синот на претседателот на Собранието не дипломира на академијата за обвинители на која се запишал без да ги почитува правилата и прописите. Во Европа не се делат милиони за скапи реклами на блиски фирми до власта во време кога народот гладува. Во Европа нема рекордна инфлација, а во исто време платите на функционерите да се покачат за 78%. Во Европа не може во три трагедии да настрадаат 70-тина луѓе и за тоа никој да не одговара. Во Европа нема недостаток на основни лекови, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Нагласуваат дека ниту граѓаните ќе им поверуваат, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го убедат да гласа уставни измени под диктат.

Готови се. И Европа да го стават како средно име во нивните документи, овие мафијаши од власта ќе останат обични измамници и криминалци кои ќе изгубат на избори, велат од опозициската партија.