Оптичка мрежа за побрз пристап до интеренет
Последните контроли на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) утврдиле отстапувања во договорите и давањето на услуги, вели првиот човек на АЕК, Роберт Ордановски.

Во Македонија само 3,5 проценти од корисниците имаат интернет со брзина поголема од 30 мегабити во секунда. Новата регулатива предвидува замената на постоечката бакарна мрежа со оптичка со што ќе се овозможи корисниците да добијат подобри интернет услуги.
Последните контроли на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) утврдиле отстапувања во договорите и давањето на услуги, вели првиот човек на АЕК, Роберт Ордановски.
„Градење на оптички мрежи, мрежи од новата генерација по поевтина цена, со здружување на силите на сите оператори, со намалување на цената на изградба, и второ разврзување на постоечките оптички мрежи за да нема монополска ситуација на тој што е сопственик на таа мрежа, туку да може секој алтернативен оператор да ги користи тие мрежи“, вели директорот на АЕК, Роберт Ордановски.
АЕК во идниот период ќе ја координира изградбата на подземната инфраструктурна мрежа. На едно место ќе се поставуваат телекомуникациските, енергетските и водоводни поврзувања, а со цел намалување на трошоците за изградба.
Европската дигитална агенда предвидува до 2020 година сите претплатници да имаат пристап до интернет со брзина од над 30 мегабити, а 50 проценти од претплатниците да имаат пристап до интернет со брзина од над 100 мегабити во секунда.
Дијана Ценевска
