Трамп накусо уапсен, па ослободен со кауција 200.000 долари
Во затворот, покрај останатите процедури на Трамп му направија и полициска фотографија. Се дознава дека тимот на Трамп планира да ја користи фотографијата во кампањски цели и реклама, во рамки на трката за претседателски кандидат од републиканците, во која Трамп е лидер.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се предаде синоќа во затвор во округот Фултон, Џорџија, како дел од судењето против него за обид за кражба на резултатот од изборите во оваа сојузна држава по претседателските избори во 2020-та година.
Судијата и окружниот обвинител се согласија судењето да почне на 23-ти октомври во забрзан процес. Трамп пристигна со голема колона обезбедување од тајната служба, пријавувањето траеше 30 минути, бидејќи тој и обвинителите претходно неделава се договорија за кауција од 200.000 долари. Договорот вклучува забрана на Трамп да ги заплашува останатите обвинети од случајот вклучувајќи и на социјалните мрежи.
Во затворот, покрај останатите процедури на Трамп му направија и полициска фотографија. Се дознава дека тимот на Трамп планира да ја користи фотографијата во кампањски цели и реклама, во рамки на трката за претседателски кандидат од републиканците, во која Трамп е лидер.
„Не направивме ништо погрешно. Ова е мошне тажен ден за Америка“, изјави Трамп пред да се качи на авионот за да отпатува назад во Њу Џерси.
Трамп и уште 18 останати соработници, вклучувајќи го Марк Медоус негов поранешен шеф на кабинет, и личниот адвокат Руди Џулијани се обвинети за серија постапки за организирање шема за лажирање на изборниот резултат во Џорџија од претседателските избори во 2020-та година, на кои победи Џо Бајден.
