Руската ПВО уништила 42 дрона над Крим и ракета над Калушкиот регион
Руската противвоздушна одбрана уништила 42 украински дронови над Крим и една ракета над Калушката област...

Руската противвоздушна одбрана уништила 42 украински дронови над Крим и една ракета над Калушката област. САД најавија дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина. Киев побара отстранување на Москва од Советот за безбедност на ОН поради принудното депортирање на децата од нејзината територија.
„18 месеци смрт, уништување и незамисливо страдање за украинскиот народ. Само бројките кажуваат ужасна приказна. УНХЦР потврди дека се убиени најмалку 9.444 цивили, вклучувајќи 545 деца. Според некои проценки, вкупниот број на убиени цивили и воен персонал од двете страни е половина милион“, изјави Розмари Ди Карло, заменик-генерален секретар на ОН за политички и мировни прашања.
САД изрази загриженост и за можното влијание врз цивилите од гранатирањето на руските погранични региони и нападите со беспилотни летала длабоко во Русија, вклучително и Москва.
