Пентагон немаат индиции дека авионот на Пригожин бил соборен со ракети
Прелиминарната проценка на американското разузнавање заклучи дека авионската несреќа за која се претпоставува дека загинал рускиот водач на „Вагнер“ Евгениј Пригожин била намерно предизвикана од експлозија...

Прелиминарната проценка на американското разузнавање заклучи дека авионската несреќа за која се претпоставува дека загинал рускиот водач на „Вагнер“ Евгениј Пригожин била намерно предизвикана од експлозија. Сепак од Пентагон тврдат оти немаат сознанија дека воздухопловот бил елиминиран со ракета.
„Според нашата прелиминарна проценка, Пригожин најверојатно е мртов. Силите на Вагнер во суштина беа најефективните борбени сили на Русија на бојното поле. Тие сили беа отстранети. Некои од нив беа преместени во Белорусија за да обезбедат обука за белоруските сили“, изјави генерал Пит Рајдер, портпарол на Пентагон.
По речиси 24 часа од веста за авионската несреќа во која се верува дека загина шефот на платеничката воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин се огласи рускиот претседател Путин. Рускиот претседател го опиша шефот на „Вагнер“ како „талентиран бизнисмен“, но и како „човек со тешка судбина кој правел големи грешки во животот.
