Грција

Пожарникарите сè уште се борат со огнените стихии во Грција

25.08.2023 09:40

Пожарникарите и натаму се борат со силниот ветер и топлото време во обид да ги скротат повеќекратните шумски пожари што ја пустошат Грција...

Пожарникарите и натаму се борат со силниот ветер и топлото време во обид да ги скротат повеќекратните шумски пожари што ја пустошат Грција.

Жариштето во североисточниот дел на земјата, според властите, е најголемиот пожар регистриран во Европската унија.

Пламените јазици во регионот Александруполи во комбинација со помали пожари проголта домови и предизвика повеќекратна евакуација на селата и на градската болница.