Салах се согласи да се пресели во Ал- Итихад
25.08.2023 09:42
Претходно беше објавено дека Ал- Итихад е подготвен да плати 90 милиони евра за Салах, што ќе биде рекорден трансфер во историјата на Саудиската лига.
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах се согласил да се пресели во Ал- Итихад, објави „beIN Sports“. Сега саудискиот клуб треба да се договори со „Црвените“ за висината на трансферот.
Претходно беше објавено дека Ал- Итихад е подготвен да плати 90 милиони евра за Салах, што ќе биде рекорден трансфер во историјата на Саудиската лига.
Салах оваа сезона настапи на два натпревара за Ливерпул, постигна еден гол и една асистенција. Неговиот договор со клубот од „Енфилд“ истекува во летото 2025 година.