Започнува Светското првенство во кошарка

25.08.2023 10:12

Денеска започнува Светското првенство во кошарка. Организатори на Мундобаскетот покрај Филипините се уште и Јапонија и Индонезија. Титулата ја брани селекцијата на Шпанија.

Со натпреварите меѓу Италија и Ангола, како и Финска и Австралија денес од 10 часот почнува Светското првенство во кошарка 2023 година.

Домаќини на годинешниот Мундобаскет се Индонезија, Јапонија и Филипините.

Триесет и две репрезентации учесници на шампионатот се поделени во осум групи. Двете најдобри од секоја група продолжуваат директно во следната рунда.

Највисок рејтинг пред почетокот на Светското првенство ужива селекцијата на САД. Во ТОП-10 се и: Германија, Франција, Шпанија, Канада, Австралија, Италија, Словенија, Србија и Доминиканска Република.

Шампионскиот трофеј од СП пред четири години го брани репрезентацијата на Шпанија.