Казнети 494 возачи за брзо возење на територија на цела држава
Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 223 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 271 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 494 возачи.
Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 223 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 271 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
