Македонија

ЦУК: Нема активни пожари, вчера изгаснати 28

25.08.2023 10:53

Од ЦУК нагласија дека сите пожари се изгаснати, меѓу кои и најдолготрајниот пожарот што избувнал веднаш над селото Смоларе, на планината Беласица, којшто можел да прерасне во опасен и по шумата, а и по селото.

Регистрирани и изгаснати се вкупно 28 пожари на отворено во текот на вчерашниот ден, со што денеска нема активни пожари, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК нагласија дека сите пожари се изгаснати, меѓу кои и најдолготрајниот пожарот што избувнал веднаш над селото Смоларе, на планината Беласица, којшто можел да прерасне во опасен и по шумата, а и по селото.

Пожарот настанал откако гром удрил во суво стебло од костен. Од страна на локалната месна заедница веднаш бил пријавен на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Пожарникарите брзо интервенирале и го локализирале до ноќните часови, но после 21.00 часот повторно се појавиле чад, а потоа и активно горење, па пожарот потпомогнат од послаб ветер почнал да се разгорува.

Мештаните активно се самоорганизирале преку локалната месна заедница да дежураат и до доцна во ноќта го гаселе и го локализирале, а потоа, кога тоа било можно, утрово, со помош на тим од ЈП „Национални шуми“, повторно го доизгасувале по што целосно го изгасиле.