Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36-ти Охридски пливачки маратон

25.08.2023 11:06

Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри.

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски.

Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра.