Влада

Ковачевски: Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка

25.08.2023 11:33

САД се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на државата, а тоа е членството во НАТО, коешто го остваривме и она што следи, членството во ЕУ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар...

САД се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на државата, а тоа е членството во НАТО, коешто го остваривме и она што следи, членството во ЕУ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во дводневна посета на Скопје.

Премиерот информираше дека на денешниот состанок разговарале за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот евроинеграциски пат, како и за отпочнување на уставните измени. Нов договор, како што рече Ковачевски, нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка.

Нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка, како што некои политичари истакнуваат. Она што ние треба да направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ. По членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи Европската Унија е нашата единствена алтернатива и директен интерес на граѓаните и барање на граѓаните, рече Ковачевски.

Тој изрази благодарност за придонесот на САД во сите процеси, како и за личните заложби на Ескобар, како во однос на развојот на Северна Македонија, така и во неговите лични заложби за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан.