Македонија

Министерство за правда: Барањето за екстрадиција за уапсениот Демири сè уште е активно, на потег е надлежниот суд

25.08.2023 12:22

Министерот за правда Кренар Лога во текот на вчерашниот ден бил известен од МВР дека лицето Алил Демири е уапсено во Косово.

Барањето за екстрадиција доставено до косовските власти во 2018 година за Алил Демири, кој е осуден во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, е сè уште активно информираат од Министерството за правда. Надлежниот суд сега е одговорен за текот на натамошната постапка.

Министерот за правда Кренар Лога во текот на вчерашниот ден бил известен од МВР дека лицето Алил Демири е уапсено во Косово.

Од Министерството нагласуваат дека за Демири се побарани две екстрадиции. Прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.

Екстрадиција повторно е побарана на 05.09.2018 година. Во постапките, сè што беше побарано од косовските власти беше доставено. Одговор за екстрадицијата од 2018 не е добиен, соопштуваат од Министерството за правда.