Русија-Украина
Русија спречила напади со беспилотни летала врз Крим
25.08.2023 14:27
Русија спречила масовен бран напади со беспилотни летала врз окупираниот Крим и ракетен напад врз Калуга...

Русија спречила масовен бран напади со беспилотни летала врз окупираниот Крим и ракетен напад врз Калуга. Украинската војска пак, пријави смртоносни воздушни напади со дронови врз нејзините региони.
Во октомври, САД ќе ја почнат обуката на украинските пилоти на борбените авиони Ф-16, соопшти Пентагон од каде велат и дека немаат сознанија оти воздухопловот на „Вагнер“ во кој се наоѓал Евгениј Пригожин бил елиминиран со ракета.
Според Кремљ, има многу шпекулации околу авионската несреќа, а на Запад тие се изнесуваат под одреден агол.
