Нигер
Нигер одобри војници на Мали и Буркина Фасо да интервенираат на нејзина територија
25.08.2023 14:27
Генералот Абдурахаман Тчиани потпиша наредба со која се овластуваат одбранбените и безбедносните сили на Буркина Фасо и Мали да влезат на територијата на Нигер во случај на напад...

Генералот Абдурахаман Тчиани потпиша наредба со која се овластуваат одбранбените и безбедносните сили на Буркина Фасо и Мали да влезат на територијата на Нигер во случај на напад.
Претставниците на трите земји ја истакнаа потребата од зајакнување на соработката во случај на агресија или терористички напади.
Одлуката следи откако Западноафриканската унија се закани дека ќе интервенира во Нигер по воениот удар и апсењето на претседателот Базум.
