Грција
Грција уапси 79 осомничени за подметнување пожари
25.08.2023 14:27
Жариштето на североистокот, според властите, е најголемиот пожар регистриран во Европската унија...

Полицијата приведе 79 лица во под сомнение дека ги подметнале пожарите во Грција. Жариштето на североистокот, според властите, е најголемиот пожар регистриран во Европската унија.
Пожарникарите и натаму се борат со силниот ветар и топлото време во обид да ги скротат пламените јазици. Луѓето од северните делови на Грција почнаа да се враќаат во уништените села.
