Депонија

Протест на жителите од Батинци и околните села, бараат да се најде решение за загадувањето од депонијата „Дрисла“

25.08.2023 16:32

Жителите од Батинци и околните села протестираа, бараат решение за загадувањето од „Дрисла“. Велат дека поради несоодветен третман на медицинскиот отпад, штетните емисии се зголемуваат и дијагностицирано им се на голем број граѓани белодробни заболувања и канцери...

Со транспаренти доста не труете, жителите од околината на „Дрисла“ протестираа против загадувањето. Се сомневаат дека на незаконски и нееколошки начин се согорува отпадот во депонијата и штетните емисии во воздухот го загрозуваат нивниот живот. Велат дека има се повеќе граѓани со дијагностицирани белодробните заболувања и канцери. Побараа од надлежните да набават печка со филтер и нов стерилизатор за уништување на медицински отпад и хемикалии.

Жителите од Батинци, Сопиште и околните населени места се заканија дека нема тука да застанат, протестите ќе продолжат помасовно, сè додека надлежните не преземат мерки за соодветно третирање на отпадот и еколошки уредување на теренот во околината на депонијата.

 

 

Игор Панов