Тетово

Касами се оградува од веењето на знамето на Голема Албанија во Тетово

25.08.2023 17:31

Градоначалникот на Тетово Билал Касами сечеше лента на реконструирана улица во Тетово над која се вееше знаме на таканаречена Голема Албанија. Но, тој се огради од знамето. Општината како што рече не стои зад сето ова туку граѓаните кои на ваков начин реагираат на власта по последните случувања во кои меѓу другото добив покана за нас суд, поврзана со посетата на Албин Курти во Тетово, додаде Касами...

Свеченостите на градоначалникот на Тетово, Касами, продолжуваат да бидат пропратени со знамиња на туѓи држави, како и знамето на таканаречена Голема Албанија, кое денеска се вееше над реконструираната улица, каде градоначалникот сечеше лента.

Касами вели, дека зад сето ова не стои Општината туку граѓаните, кои реагираат на последните случувања, во врска со посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово. Власта не би имала време да се занимава со знамиња, ако се посвети на расчистување на случаите кои многу луѓе завија во црно, рече.

Инаку градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами на својот Фејсбук-профил вчера ја објави поканата за во Основниот суд Тетово, во врска со дочекот на Курти, каде пишува дека не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Поканата за на суд во која Касами е обвинет за прекршок, тетовскиот градоначалник ја окарактеризира како обид за заплашување и молчење.

 

Зоран Димовски