Украина

Спречен масовен напад на беспилотни летала врз Крим, од страна на Русија

25.08.2023 19:33

Русија спречила масовен бран напади со беспилотни летала врз окупираниот Крим и ракетен напад врз Калуга. Украина пријави смртоносни воздушни напади со дронови врз нејзините региони. Во октомври, САД ќе ја почнат обуката на украинските пилоти на борбените авиони...

Русија спречила масовен бран напади со беспилотни летала врз окупираниот Крим и ракетен напад врз Калуга. Украинската војска пак, пријави смртоносни воздушни напади со дронови врз нејзините региони. Во октомври, САД ќе ја почнат обуката на украинските пилоти на борбените авиони ф-16, соопшти Пентагон.

„Обуката ќе почне во базата на националната гарда „Морс“ во Тусон, Аризона. Засега немаме конкретни бројки во однос на тоа колку украинци ќе учествуваат во оваа обука, но би можеле да бидат неколку пилоти и десетици одржувачи. Ќе работиме најбрзо што можеме. Но, најмногу ќе зависи од пилотите, не смееме да ги доведеме во опасност додека целосно не се подготвени“, изјави Бриг. генерал Пет Рајдер - портпарол на Пентагон.

Од Пентагон велат дека немаат сознанија оти воздухопловот на „Вагнер“ во кој се наоѓал Евгениј Пригожин бил елиминиран со ракета, иако прелиминарната проценка на американското разузнавање заклучи дека авионот бил соборен со намерна експлозија. Кремљ, отфрла каква било вмешаност.

„Во моментов има многу шпекулации околу оваа авионска несреќа и трагичната смрт на патниците во авионот, вклучувајќи го и Евгениј Пригожин. Се разбира, на запад тие шпекулации се изнесуваат под одреден агол и сето тоа е целосна лага“, изјави Дмитриј Песков - портпарол на претседателот на Русија.

Во меѓувреме украинскиот претседател Зеленски објави дека Словенија се приклучила на декларацијата на групата седум за безбедносни гаранции за Украина. Тој денеска имаше средба во киев со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан со кој освен за украинска формула за мир, разговарале и за ризиците од руската блокада на коридорот за жито во Црното море. Турција беше клучна во посредувањето во договорот за жито кој беше суспендиран во јули од Русија која побара да се исполнат нејзините барања да обезбеди руска храна и ѓубриво до светските пазари, што предизвика зголемување на цените на храната и страв од глобална прехранбена криза.

 

Бојана Крстевски