МВР
Попладнево пукање во подземниот паркинг во Трговскиот центар „Ист гејт“, нема повредени
25.08.2023 19:09
Денес околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје...

Денес околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото имало уште едно лице, повредени лица нема, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
За инцидентот известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
