Фудбал

Должничка обврска кон Португалија

22.05.2014 16:24

По втор пат влегуваа во костец фудбалските надежи до 21 година со најдобрата селекција во нашата група 8, Португалија во квалификациите за Европското в година. Првиот дуел кај ним на гости го загубија избраниците на Бабунски со 2:0, но за овој скопскиот, ниетот е поинаков.

”На домашен терен секогаш можеме да направиме позитивен резултат, да победиме, или да играме нерешено и со таа идеја настапуваме и на овој натпревар. Сакам да наметнеме некој стил кој што го гаиме веќе подолго време. Да бидеме поамбициозни, не што ќе ни даде противникот, туку ние да се обидеме да направиме иницијатива.“-вели селекторот Бобан Бабунски.

Потребите на А селекцијата налагаат прекомандување на дел од носечкиот кадар на младата Мак селекција, па без Давид Бабунски, Александар Трајковски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски, ќе се продолжи понатаму. Па во ваква ситуација Бабунски размислува на зрелиот подмладок. –”Може да се случи некој да дебитира од почеток, некој ќе влезе сигурно. Доаѓа една генерација веќе родени 1995-та кои што се наметнуваат во својте клубови, меѓутоа тие не се дебитанти, веќе играле во репрезентациите до 19 и 17 години, имаат континуитет, што значи тоа се проверени и селектирани играчи.“

Ќе го нема ниту Жута на овој дуел поради потребите на неговит клуб, па ќе биде зменет со Вардарецот Цикарски. Досега нашите момчиња имаат одиграно 5 средби, сотри порази, еден од Португалија, два од Норвешка, реми и победа со Азербејџан, за моментално предпоследно место во групата.

Утре, Македонија-Португалија, 18 часот Филип Втори Арена, влезот чини 50 денари, средства кои одат како донација за погодените од поплавите во Србија Босна и Херцеговина и Хрватска.