Младинскиот совет од Струмица ќе реализира кампања за вдомување на кучиња од стационарот Лана
Младинскиот совет од Струмица ќе реализира кампања за вдомување на кучиња од стационарот Лана, но и за волонтирање во ова јавно претпријатие чија дејност е згрижување и третман на уличните кучиња. Советот од страна на Општината ќе добие околу 2,5 милиони денари со кои ќе треба да ги реализира програмските активности...

Новоформираниот Младински совет од Струмица ќе креира кампања за вдомување на улични кучиња кои ја поминале фазата на третман и ресоцијализација во стационарот Лана. Ова ќе им биде една од првите активности потенцираше Васе Поп Стојанов кои заедно со претставници на младинскиот совет го посетија ЈП за згрижување и третман на бездомните кучиња.
Младинскиот совет се формираше летово и има за цел да ги анимира младите за нивно вклучување во локалните политики. Од страна на Буџетот на општината ќе добијат околу 2 милиони денари за реализација на нивните активности.
Инаку до крајот на годината во општинската зграда на Струмица се очекува да проработи и Младински центар откако подрумските простории беа реновирани, а заврши и јавната набавка за опремување на овој центар.
Ване Трајков
