Временска прогноза
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
26.08.2023 09:15
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22°C, а максималната од 31 до 37°C.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
