Пронајдена „црната кутија“ од авионот на Пригожин
Рускиот истражен комитет објави дека на местото на несреќата пронашла рекордери за летот од авионот на Евгениј Пригожин. Иако, неговата смрт сè уште не е потврдена. Белорускиот претседател Лукашенко вели дека е сигурен дека смртта на Пригожин не била нарачана од претседателот Путин.

„Не можам да кажам кој го направи тоа, но, го познавам Путин. Тој е пресметлив, многу смирен и бавно лице, кога донесува одлуки за други и помалку комплицирани прашања. Така што не можам да замислам дека Путин е виновен за ова. Тоа е премногу груба и непрофесионална работа, не личи на Путин“, изјави Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.